Еротските сонови се нормален дел од животот, па ретко некој да немал вакво искуство. Сонувањето сексуална активност со друга личност наместо со партнерот е исто така нормално, пишува Healthline.
Еротските сонови понекогаш можат да нè изненадат толку многу што и самите ќе се зачудите што се крие во вашата потсвест.
Но, факт е дека сите понекогаш ги имаме, само некои луѓе ги имаат почесто. Истражување во кое учествувале 1.000 мажи и исто толку жени, откри кои се најчестите еротски сонови на двата пола.
Резултатите покажале дека жените најчесто сонуваат за секс со пријател, додека најчестите еротски сонови кај мажите се секс со бившата.
Сега, пред да се изнервирате или налутите на партнерот, не заборавајте дека соновите не треба да ги сфатите толку сериозно, бидејќи не ја отсликуваат потребата на тоа што навистина го сакаме.
Значи, помалку од три четвртини од жените признале дека најчесто сонуваат за секс со пријател, додека 68 проценти од нив сонуваат секс акција со колега.
Околу 62 проценти од испитаниците велат дека имале еротски сон за непознат човек, додека 58 проценти од нив сонувале за секс со партнерот. Еден од најчестите соништа е како партнерот ги изневерува, признале 57 проценти од жените.
Кога станува збор за еротските сонови на мажите, секс со бившата сонуваат 92 проценти од нив. Вториот сон на околу 72 проценти од мажите повеќе личи на кошмар, сонуваат секс во кој на некој начин се посрамотуваат.
Меѓу најчестите машки еротски сонови се оргиите, за нив сонуваат 72 проценти од мажите. Околу 68 проценти сонуваат за секс со непозната девојка, а 59 проценти од нив имаа сништа за секс на јавно место.
Иако мажите и жените имаат различни еротски сонови, заедничко за нив е што ги сонуваат прилично често. Една четвртина од испитаниците откриле дека имаат еротски сон на секои четири дена.
извор: кајгана