Како што на мажите им е важно жената да ги почитува во врската, на дамите им е важно и како се однесува нивниот партнер.Повеќето жени сакаат вистински џентлмен покрај себе, иако многумина тврдат дека тие се изумрен вид, но дека не е баш така.
Малите гестови како отворање на вратата и држење на палтото значат многу за жената и таа никогаш нема да го заборави тој гест.
Доколку ве интересира дали имате џентлмен до вас, погледнете ги показателите во однесувањето на мажот кои се доказ дека тој е вистински џентлмен:
1. Никогаш нема да биде заплашен од вашата мотивација
Мажот кој има цели во животот ќе сака покрај себе жена која исто така ги има. Никогаш нема да биде исплашен или загрозен од жена која тргнува по она што го сака. Бидете внимателни, бидејќи вистинскиот маж нема да ве спречи да ги следите вашите соништа.
2. Тој е љубезен кон сите
Дури и кога некој се однесува грубо со него, тој не се откажува. Вистинскиот џентлмен секогаш ќе остане достоинствен. Свесен е дека нема ништо од тоа и не ги спушта стандардите на однесување на пониско ниво, без разлика на провокациите.
3. Љубовните врски ги чува за себе
Никогаш не би понижил жена споделувајќи ги своите приватни моменти и подвизи со пријателите или со некој друг. Тој не мора да го прави тоа. Тој се почитува себеси и ја почитува жената со која ќе избере да биде интимен.
4. Знае да ве стави на прво место
Вие сте на неговата приоритетна листа заедно со семејството и пријателите, но тој секогаш знае кога е вистинското време вие да бидете први меѓу неговите важни.
Ако пријателите го поканат на игра кога е годишнина од вашата врска, тој ќе ги одбие бидејќи сака тој ден да го помине со вас, целосно посветен на вас, а друг пат ќе има можности да се дружите со пријателите.
Извор: Попара