Секоја жена сака да добие комплимент од маж.
Кога ќе сретнете некој што ве опсипува со комплименти, тоа може да ви ласка.
Особено ако сте биле сами подолго време, а сега наидовте на човек кој многу ви посветува внимание и постојано ви дава пофалби на сметка на изгледот. Понекогаш не знаеме што да кажеме на комплимент, и тоа е нормално затоа што секој има различни реакции.
Но, што се крие кога мажот постојано нè опсипува со комплименти, а вие дури не сте се ни запознале како што треба?
Тој сака да има секс со вас
Ласкањето може да биде многу заводливо. Мажите генерално знаат што сакаат жените да слушнат. Тие знаат дека сакате да се чувствувате убаво, привлечно и пожелно. Тие се подготвени да ви ги кажат најслатките работи со една намера – да ве однесат во кревет.
Тој сака да мислите дека барал девојка исто како вас и дека ќе стори се за да биде покрај вас. Ако имате впечаток дека маж премногу често ви дава комплименти, добро размислете за неговите намери.
Тој е „ласкав“
Некои мажи сакаат жена покрај нив, која брзо ќе падне на нивните ласкања. Може да биде и еден начин да воспостави контрола над вас. Со оваа манипулативна техника, мажите честопати се обидуваат да ја забрзаат врската. Сепак, премногу е добро за да биде вистинско.
Откако ќе почувствува дека воспоставил контрола над вас, тој ќе почне да го менува своето однесување и одеднаш ќе започне да ви кажува што да правите. Тој, најверојатно, ќе се обиде да ве промени, но нема да потрае долго за да ги откриете неговите намери.
Можеби е несигурен во себе
Не се сите мажи што ги опсипуваат жените со комплименти исти. Постојат и мажи кои имаат потреба да им ласкаат на жените од сопствената несигурност. Можеби се надева дека на тој начин ќе успее да го окупира вашето внимание и да ја скрие својата несигурност. Проблемот настанува кога жената е исто така несигурна, бидејќи оној што има самодоверба многу брзо ќе сфати дека нешто не е во ред.
Како знаете дали мажот е искрен?
Маж кој ве смета за привлечен ќе ви даде комплимент што ќе се однесува на една или две работи што му се допаѓаат во вас. Може да биде коса, очи или нешто сосема друго. Искрените мажи нема да ве тушираат со комплименти секогаш кога ќе ве сретнат.
Искрен човек дури и ќе се воздржи од давање комплимент доколку ве почитува. Исто така, таквите мажи ретко ги откриваат своите намери толку брзо, им треба време да се отворат во однос на чувствата. Ако сакате сериозна и искрена врска, треба да бидете и трпеливи.
извор: попара.мк