Ова е вистинскиот начин да ги разбудите вашите страсти во спалната соба со партнерот.
Кога сакате малку да ги „зачините“ работите во сексуалниот однос, најважно е да бидете подготвени на малку експериментирање.
Секс колумнистката Трејси Кокс предложува како да го унапредите вашето водење љубов, а воедно едно од најдобрите решенија е техниката „мачка“.
Оваа техника не е нова, но малку од паровите успеваат да ја изведат до крај затоа што на почетокот бара многу трпение.
Станува збор за варијација на мисионерската поза, со тоа што мажот не е во издигната положба туку се спушта кон градите на партнерката. Нормално, потребно е тој да се грижи да не ја притиска партнерката со својата тежина.
Зошто е добра „техниката мачка“?
Докажано е дека таа ги удвојува шансите за доживување оргазам кај жените, а на мажите им овозможува да успорат во клучниот момент. И, да – тоа бара и многу вежби и контрола.
Како се изведува?
Тој е поставен одгоре и неговото тело се движи кон нејзината глава. Партнерите се многу блиску и нивните карлични коски се на минимална оддалеченост една од друга што овозможува коренот на неговиот пенис да се трие од клиторисот и останува во таа положба додека се движат заедно.
Зошто оваа техника е успешна?
Не само што ги зголемува шансите за оргазам во текот на пенетрацијата, туку и сексот го прави многу попријатен дури и тогаш кога таа има проблеми со чувствителниот врв на вагината.
извор: точка.мк