Има многу ситници со кои мажите можат да ја возбудат својата партнерка, од скокотливи текстуални пораки до бакнување во врат. Жените ги возбудуваат ситниците за кои никогаш не би помислиле дека можат да го направат тоа.
Жените, на веб сајтот Reddit ги открија секојдневните работи кои мажите ги прават, а тоа ги возбудува.
„Мене ме возбудува кога мојот маж работи во градината. Обожавам да го гледам како го прави тоа“.
За да бидете внимателен и нежен за да ја усреќите вашата партнерка не ви е потребен многу труд, затоа што жените знаат да ги ценат ситниците кои ги правите за нив.
„Не постои ништо посекси од маж кој ја коси тревата или го поправа автомобилот. Кога го гледам своето момче како поправува нешто, секогаш размислувам за тоа што уште може да направи со тие прсти“, е еден од коментарите.
Жените ги возбудува начинот на кој нивниот партнер ги засукува ракавите, а некои жени едноставно уживаат гледајќи го нивниот партнер додека вози.
Има многу „несексуални“ начини со кои може да ја возбудите вашата партнерка. Во љубовта се вложува секојдневно.
извор: кајгана