Многу жени се заслепени од емоциите, па често не забележуваат дека животот го поминуваат покрај токсичен партнер кој што ги гуши нивните амбиции и не им дозволува да живеат среќно.
Некои од мажите се толку вешти, што едноставно невозможно е да сфатите дека се наоѓате покрај манипулатор.
Доколку забележувате некој од овие знаци, време е да му кажете збогум на вашиот партнер:
1. Не сте сигурни дека вашата врска е здрава
Кога ќе се појави и најмал сомнеж, тоа е знак за тревога. Доколку не сте целосно сигурни дека покрај тој човек се чувствувате среќно и сакано, тоа значи дека тој не е за вас. Доколку немате исти погледи на светот и тоа е лош знак, нагласуваат психолозите. Не дека треба да бидете „близнаци“ и истомисленици, но мора да имате некакви заеднички идеали.
2. Чувствувате доза анксиозност и потреба да се докажувате кога сте покрај него
Доколку не се чувствувате добро во близина на вашиот партнер или пак често сте на мета на критики од негова страна, јасно е дека тој не е вистинскиот. Вистинскиот маж е тука да ви биде поддршка кога тоа ви е најпотребно.
3. Чувствувате како да не сте иста личност
Ваква љубов по правило започнува многу брзо и за неколку денови ќе чувствувате дека сте толку многу поврзани за вашиот партнер, па ќе мислите дека без него нема да може да направите ништо. Тој станува центар на вашиот свет, а само вие вложувате во врската. Доколку на момент почувствувате дека се губите себеси во врската, послушајте го инстинктот и прекинете ја врската.
извор: точка.мк