Радио Милева вистината

Здравко Чолиќ откри како реагира неговата сопруга на неговите бројни обожавателки (фото) 

Здравко Чолиќ откри како реагира неговата сопруга на неговите бројни обожавателки (фото) 

Здравко Чолиќ призна дека речиси никогаш не ја дочекал Новата година дома, а на настапот го придружува и неговото семејство за да можат  таа вечер да бидат заедно. Истакна и дека ужива во празниците како и да подарува.

– Природата на мојата работа е таква што најмногу работам за Нова година, па семејно патуваме и славиме со пријателите. Обично сме дома за Божиќ, сопругата Александра секогаш подготвува најразлични јадења, омилени на сите, а потоа сите се собираме околу масата. Празничната атмосфера ме потсетува на моето детство. Празниците се време на љубов и дарување. Сакам кога сме заедно, кога се чувствува тој славенички и празничен дух, кога е вистинското време да наздравиме за подобрите денови што претстојат.

Чола откри колку е тешко за неговата сопруга и децата да се справат со неговата слава.

– Моите ќерки се веќе пораснати, разбираат каква е  мојата професија и што повлекува. Мислам дека и самите добро се снаоѓаат со тоа што им „се случило“ . Секогаш ми беше важно природноста и спонтаноста да не се изгубат, затоа секогаш со нив разговаравме за тоа кои се најголемите животни и човечки вредности. Да, точно е дека мојата сопруга е столбот на семејството и, како што реков претходно, таа е таа која кога моите ќерки беа мали, беше повеќе посветена на нивното воспитување. Како татко сум многу поблаг. Но, без разлика на тој факт, се трудам да не трпи образованието, како и традиционалните вредности, на кои почива моето семејство. Семејството е основната клетка на општеството, затоа мора да го негуваме. Празниците се вистинско време да се потсетиме на ова и да го примениме.

Здравко откри дека неговата сопруга се мачи со тоа што неговата публика се претежно жени.

Со сопругата бевме заедно долго време пред да имаме деца, па таа е навикната на сето тоа и има многу разбирање за тој дел од мојата работа. Одамна ги поминавме сите потенцијални проблеми. Таа отсекогаш ме разбирала, како и начинот на кој публиката реагира на моите песни, настапи и појавувања.

Фото:Принтскрин/Инстаграм

 

To top