Љубов и Секс

Зборови заради кои веднаш ќе се заљубат во вас: Овие фрази често се забораваат, а го подобруваат секој однос

Зборови заради кои веднаш ќе се заљубат во вас: Овие фрази често се забораваат, а го подобруваат секој однос

Комуникацијата е важна основа за квалитетна врска, особено кога станува збор за љубовните врски. Односот меѓу партнерите е направен од силни нишки кога и двајцата се искрени, отворени, се почитуваат и се разбираат. Доколку сакате да ја продлабочите врската со личноста која ви се допаѓа, да развиете посебен однос, тогаш важно е да покажете интерес.

Понекогаш во врската зборуваме за тоа што ни е важно, што ни се случило, дали нешто не мачи, што се радуваме, заборавајќи да ја прашаме другата страна какви „филмови“ се играат во неговата/нејзината глава.

Затоа е важно да се запамети дека треба да разговараме со отворен ум и срце, а еве неколку фрази кои можат да ја продлабочат практично секоја врска:

– Кажи ми повеќе за твојот ден.
– Кога го видов ова, помислив на тебе.
– Она што најмногу ми се допаѓа кај тебе е тоа што си…(посочете го квалитетот што најмногу ви се допаѓа кај оваа личност)
– Ме интересира твоето мислење.
– Како се чувствуваш?
– Како си на училиште/на работа?
– Кој е твојот најголем предизвик во моментов и како се соочуваш со него?

Дури и ако личноста не е зборлива по природа, добро е да им поставите некои потпрашања и да ги поттикнете да разговараат. Ако сè уште дава кратки одговори и звучи незаинтересирано, ајде да ја прашаме дали воопшто сака да разговараме во овој момент. Ако нејзиниот одговор е „не“, треба да го почитуваме тоа и да се обидеме да разговараме подоцна.

Зборовите ни овозможуваат уште повеќе да се поврземе со другите и да создадеме поавтентични врски. Со помош на искрени разговори, си овозможуваме себеси и другите да се поврзат и да откриеме со кои очи нашето срце ги гледа нив, светот, животот во целина.

Извор: Попара.мк

To top