Најголемата балканска ѕвезда Лепа Брена по повод 35 години кариера вчеравечер (15.02.2018) одржа спектакуларен концерт во ВИП Арената „Борис Трајковски“ во Скопје.
Брена на сцената се спушти од плафонот на импровизирана ѕвезда, а настапот го започна со песната „Болиш и не пролазиш“.
Целиот концерт беше проследен со перформанси, танцувачи, а на сцената на Брена и се придружи и најдобриот скопски хор Света Злата Мегленска.
За време на концертот се пресоблече во четири модни комбинации, а нејзините фанови од 7 до 77 ги пееја нејзините песни.
Вистинска атмосфера настана кога фолк дивата започна да ги пее нејзините стари песни меѓу кои „Миле воли диско“, „Чачак“, „Удри мујо“, „Чик погоди“, „Ја немам други дом“, „Пожели сречу другима“…
Фолк дивата пееше на микфрон кој нејзиниот сопруг и го купи за нејзиниот роденден, а таа е единствена балканска ѕвезда која го поседува.
На крајот од концертот, Брена се заблагодари на своите соработници, на своите фанови и на сите оние што ја следат.
„Драги мои пријатели, ви благодарам за оваа прекрасна вечер. Им благодарам на моите соработници, на моите фанови кои поминуваат неколку стотици километри за да дојдат. Ве сакам, ве обожовам“ изјави Брена која исто така го покани својот сопругот Боба Живојиновиќ да се појави на сцената.
„Морам да ви кажам дека Боба дојде директно од Мајами. Кога дозна дека ќе пеам во Скопје, одлучи директно да слета во Скопје бидеќи тука некогаш играл најдобри натпревари во тенис. Ајде Бобо кога можам јас, можеш и ти“ изјави Брена и нејзиниот сопруг се појави на сцената и ја бакна во знак да поддршка.
На крајот, пејачката најави нови песни и нови изненадувања за нејзината публика.
фото: Христина Ѓоргиевска/вистина