Запа живее во Холандија со нејзината сопственичка Лана Вермеген, а профилот на Инстаграм @zappa_the_cat е создаден сосема случајно.
Според сопственичката, додека Запа сè уште била маче, таа постојано била фотографирана, а повремено и објавувана на Инстаграм. По многу интересни реакции од луѓето кои сакаа повеќе фотографии од оваа симпатична и стилска мачка, Лана решила да направи профил на Инстаграм на Запа. Денес, мачката има 115.000 следбеници, кои се воодушевени од нејзините пози и модни комбинации.
Запа има плакар полн со шик облека, а на Инстаграм можете да ја видите како носи познати брендови. Сепак, најголемо внимание привлекува комбинацијата на бои и креации кои варираат од розов џемпер, светкави сини очила за сонце, до маичка на риги. Сопственичката ја опишува Запа како љубопитна и многу дружељубива мачка која со нетрпение ги очекува пријателите што ги посетуваат. Лана започнала да ја облекува Запа многу рано, па таа се навикнала на облеката и не и пречело.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
извор: кафепауза