Сијамската мачка, Бака Вад, во моментов е најстарата жива мачка во светот на возраст од 34 години. Ако го преведеме тоа на „јазикот на мачки“, тоа значи дека има 160 мачешки години.
Кога ја каснала скитничка мачка во 1987 година во една покраина на Тајланд, Бака Вад била посвоена од Вана Кодкарис. Двете станале неразделни од тој ден.
Според Вана, мачката никогаш не покажала знаци на сериозно физичко заболување. Пред неколку години, кучињата и ги гризнале задните шепи. Таа имала повреди на коските кои сè уште се забележуваат. Последните години станала малку побавна, но сепак добро се држи.
– Кога беше млада беше многу енергична. Таа постојано трчаше по овоштарниците и бркаше влекачи и инсекти. Таа е сè уште многу симпатична, но кога некој ќе ја испровоцира, таа се претвора во вистинско sвер – рече Кодкарисева и додаде:
– Баба Вад е со мене од мојата 25 година и искрено се надевам дека ќе живее уште многу години. Јас редовно ја носам на ветеринар и добро ја хранам.
извор:курир.мк