Живот и Стил

Заедно се 80 години: Ова е најстариот пар на светот

Заедно се 80 години: Ова е најстариот пар на светот

Масао Матсумото (108) и неговата сопруга Мијако (100) се најстариот пар на светот и прославија 80 години брак.

Парот се венчал во 1937 година, а оваа информација ја потврди и Гинесовата книга за рекорди.

Стогодишната Мијако тврди дека нивниот  брак трае благодарение на неа, односно нејзиното трпение.

„Многу ми е драго. Тој брак траеше благодарение на моето трпение, вели насмеаната Мијако.

Парот никогаш не успеал да направи прослава за свадбата бидејќи тогаш се подготвувала војна во Јапонија, а Масао бил испратен во војска.

Меѓутоа, тоа не ги спречило да имаат големо семејство, имаат 25 внуци, а најмладата е родена пред еден месец.

Јапонците во светот се познати по долгиот живот.

To top