Најново истражување, спроведено во Велика Британија, покажа кои се тајните на совршениот брак. Иако многумина мислат дека најсреќните парови никогаш не се караат, токму расправиите придонесуваат за стабилен однос.
Во истражувањето учествувале над 2.000 среќни брачни парови, а според резултатите, рецептот за совршен брак се крие во секојдневните разговори, времето минато заедно и најмалку две големи расправии секој месец. Сепак, напомнуваат дека не треба да си легнете скарани.
Многу парови за студијата на The Warner Leisure Hotels признале дека за хармонија во бракот придонесуваат и меѓусебното жалење за работата и споделување други проблеми, искажување почитување, како и заедничко „глупирање“.
Посреќни се паровите во кои партнерите во брак продолжуваат да се занимаваат со хобито кое им било омилена активност уште пред да стапат во брак, но и оние кои им дозволуваат на партнерот да се „прикажат“ во најлошо издание.
За стабилен однос придонесуваат и заедничките патувања на одмор, без разлика дали се долги или кратки.
„Воопшто не е чудно што за многумина заедничките одмори се една од состојките за среќен брак. Многу парови тврдат дека секогаш е чувствуваат повеќе поврзано откако ќе минат заеднички викенд без секојдневни обврски“, вели Сајмон Томсон, автор на студијата.
Скоро 70% од испитаниците тврдат дека заеднички минатото време може да ги потсети зошто се сакаат, а исто толкава важност придаваат и на тоа дека партнерот е романтичен.
За да биде односот возбудлив, потребна е и доза хумор, разбирање и приврзаност. Важно е на партнерот да му ги простите лошите навики и никогаш да не го игнорирате кога му е досадно или е нерасположен, покажа студијата.
извор: Кајгана