Иако сакаме да живееме во чист и убаво уреден простор, факт е дека понекогаш едноставно немаме волја за средување и чистење и повеќе би сакале да се опуштиме со добар филм или омилената серија.
Ова особено важи ако живеете заедно со партнерот и обврската за чистење паѓа само на едниот од вас. Меѓутоа, најновите истражувања покажуваат дека ако средувате заедно со партнерот, врската ќе ви биде поцврста и посреќна.
Во истражувањето биле опфатени хетеросексуални парови и им биле поставени прашања за нивната рутина на чистење и распоредот на домашни обврски меѓу партнерите.
Резултатите покажаа дека двојките кои си ги делат обврските имаат подобар сексуален живот во споредба со оние кои не прават така.
„Иако помалку од една третина од двојките кои беа дел од истражувањето рекоа дека подеднакво се задолжени за домашните обврски, овие двојки, за разлика од другите, беа многу позадоволни од заедничкиот живот, квалитетот на врската и сексот.
Истражувачите дојдоа и до други интересни заклучоци.
Мажите сметаат дека заедничкиот шопинг со партнерката е одличен начин за зближување, а жените уживаат да мијат садови заедно со партнерите.
За мажите најголем извор на незадоволство кога станува збор за домашни обврски е токму миењето садови.