Ако нешто не ви оди во заедничкиот живот со вашиот партнер, можеби една од причините за незадоволството се погрешните ритуали што ги имате пред спиење. Имено, многу љубовни терапевти сметаат дека паровите би требало да си посветат време еден на друг пред конечно да заспијат. Тоа ќе ги направи позадоволни и ќе делува позитивно на квалитетот на сонот, но и на заедничкото утро. Ова се навиките што најсреќните парови ги практикуваат пред спиење…
1. Исклучете ги мобилните телефони или само тонот и тргнете ги уредите што е можно подалеку од креветот
Зависноста од социјалните мрежи предизвикува лачење на окситоцин во телото. Се верува дека овој хормон создава чувство на задоволство и приврзаност со другите луѓе. Писхотерапевтката Карол Кери ве советува да се придржувате до едно едноставно правило: Исклучувајте ги телефоните секоја вечер во 21 часот.
2. Заборавете на работата- Природно е кога сме фрустрирани од некоја ситуација на работа да имаме потреба тоа со некого и да го споделиме. Иако не е во ред постојано да ги оптоварувате другите со вашите проблеми, и за вас и за вашиот партнер ќе подобро ако накратко раскажете што ви се случило веднаш кога ќе си дојдете дома од работа. Ако го водите овој разговор во моментот кога се подготвувате за спиење, ќе си го влошите и вашето и расположението на партнерот.