Љубов и Секс

За кои работи во врската не треба да разговарате со други луѓе?

За кои работи во врската не треба да разговарате со други луѓе?

Среќните и тажните моменти од врските во кои сме често ги споделуваме со другите, но има работи кои сепак подобро е да ги чуваме за себе.

Еве за кои работи во врската не треба да разговарате со други луѓе.

1. Емоции и тајни

Ако лесно ги откривате деталите за вашата врска на луѓето околу вас, знајте дека може да ја изгубите довербата од вашиот партнер. Сепак, тој ви ги доверува своите најдлабоки тајни, ценете го тоа. Доколку таа информација не му беше толку важна, веројатно самиот би ја открил во јавноста.

2. Расправии и кавги

Во секоја врска има расправии и кавги, кои се однесуваат само на двајцата. Големи се шансите брзо да го надминете проблемот и да продолжите понатаму. Сепак, вашите пријатели и семејството можеби нема да го направат истото. Ќе ја паметат таа изјава или постапка на вашиот партнер и ќе го прилагодат нивното однесување на тие информации, без да ја знаат разврската.

3. Интимност

Вашата спална соба е резервирана само за двајцата. Ако споделувате детали за вашата интимност со другите, ќе ја загрозите довербата на партнерот. Замислете како би се чувствувале кога тој на своите пријатели ќе им ги каже деталите за вашата сексуална врска или некои други пикантерии од вашиот сексуален живот.

4. Финансиски проблеми

Не е добро да разговарате со сите за финансиската состојба и финансиските проблеми. Ако ви треба некој да ви помогне, прво разговарајте со партнерот за тоа, а само ако тој не е во можност, прашајте некој близок. Ова се деликатни прашања, затоа добро размислете пред да се „отворите“ и да ги споделите вашите маки со остатокот од светот.

5. Маани и недостатоци

Сите ние имаме недостатоци. Не е добра идеја веднаш да се пожалите за недостатоците што ги забележувате кај партнерот на почетокот на врската. Или ќе се навикнете на нив со текот на времето или ќе раскинете па повеќе нема да ви биде важно. Сепак, вашите родители или пријатели ќе се сетат за што сте им кажале. Исто така, може да се случи во погрешен момент тоа да „исплива“ на површина.

Извор: Кајгана.мк

To top