Љубов и Секс

За да ја зачувате здравата врска, исфрлете го ова: 5 реченици кои не треба да ги кажете на саканата личност

За да ја зачувате здравата врска, исфрлете го ова: 5 реченици кои не треба да ги кажете на саканата личност

Разговорите се основа на сѐ, без разлика за која сфера од животот, секогаш е важно да се држи на високо ниво и да се трудиме се да разјасниме на време. Ова е најлесниот начин да избегнете недоразбирања.

Како и со сè, постојат мали трикови за комуникација кои можат да не научат како да пливаме во морето од меѓучовечки односи, кои честопати знаат да бидат нездрави и лоши.

Сепак, има некои ситуации каде што нема многу простор за филозофија, размислување и криење. Кон кого ќе бидеме искрени, ако не кон партнерот? Искреноста е суштината на секоја врска, но понекогаш не треба да претеруваме и да плескаме се во лице.

Издвоивме неколку реченици кои ниту еден партнер не би сакал да ги слушне, изговарајќи ги нема да постигнат ништо друго освен да го продлабочат конфликтот и да водат до, можеби, поголеми последици.

Тие ја прават вашата врска лоша, нездрава и го оддалечуваат партнерот од вас:

  • Ништо страшно, ќе преболиш.
  • Ти си ист/а како татко ти/мајка ти.
  • Ти секогаш / Ти никогаш…
  • Доста ми е.
  • Премногу си чувствителн/на.

извор: попара.мк

To top