Социјалните мрежи најчесто се преполни со „совршени“ фотографии од наводно исто таквиот живот, а иако свесни за реалната слика, за впечатокот од овој виртуелен прозорец се настојува да биде баш таков.
Кога се познатите во прашање, за некои онаа реална слика од зад четири ѕида и она нормалното секојдневно издание надвор од сцената, речиси и да не посостои на социјлалните мрежи.
Исклучоци секако дека има, а една од нив е актуелната победничка на „Ѕвездите на Гранд“, струмичанката Славица Ангелова.
За медиумите таа важи за „тивката победничка“ на Гранд, а далеку од нападна е и на социјалните мрежи каде повеќе преферира следбениците да ја гледаат баш онаква каква вистински е надвор од ѕвездениот сјај на сцената.
Ослободена од сите стеги, шминки, неудобни аутфити, физури… Славица знае да покаже и како изгледа во домашно светло и тоа кога не баш и е денот за супер средена коса.
Ангелова на своите „стори“, објави како се подготвува за испитна сесија, па дури и нагласи дека има лош ден за косата, сосема ноншалантно собрана, само колку да не и пречи.
Тренерка, умрно лице и подочници, но сосема неважно за неа од објавата за да сподели дека е време да се предаде на учењето.
За потсетување, Славица Ангелова студира медицина и активно е посветена и на студиите, а паралелно и на музиката, особено откако стана победничка во „Ѕвездите на Гранд“.
фото:Instagram printscreen/ slavica.angelova