Минатата година во месец јануари, поточно на ден Василица, ТВ водителката Милена Антовска-Станковска стана мајка по вторпат, побогата и дарена од Бога со уште еден ангел, ќеркичката Јоана.
Оттогаш поминаа година и четири месеци, а бебето Јоана повеќе не е бебе, туку потпораснато девојченце кое веќе е проодено има долга косичка и преслатко лиценце.
Во првите месеци од нејзиниот живот мама Милена почесто ја покажуваше на социјалните мрежи, извесен период објави од Јоана немаше, така што сега потпорасната едвај ја препознавме.
Мала слатка убавица е тргната во истражување на светот околу себе и желба за љубов и вниманието на мама и тато.
Розово фустанче, венче или „пипи“ опавчиња, Јоана е целата на мама Милена, а дада Лана Марија на тато, барем засега е така.
Децата менуваат, растат, а луѓето веднаш сакаат да го препознаат ликот на родителот во оној на детето.
Милена често знае да изјави дека Лана Марија е целата како тато Гордан, но сега Јоана повлекла повеќе од мама.
Децата брзо растат, а животот со нив довива сосема поинаква смисла. Родителот секогаш тука за нив, независно дали се малечки или веќе самостојни индивидуи.
Инаку, во месец јануари малата Јоана наполни една годинка, а во истиот ден мама и тато направија и крштевка.
фото:Инстаграм принскрин/Милена Антовска – Станковска