Паровите кои ќе се запознаат на интернет многу порано сакаат да започнат заеднички живот и да основат семејство, покажа истражување спроведено во Швајцарија.
Во истражувањето учествувале 3.235 парови постари од 18 години. Според резултатите, психолозите заклучиле дека луѓето кои се служат со апликации за запознавање на сродни души имаат поголеми и поцврсти цели во една љубовна врска, а со самото тоа и поголеми шанси да ја пронајдат вистинската личност и тој однос да потрае.
Оние парови кои ќе се запознаат преку интернет многу порано сакаат да започнат заеднички живот. Истражувањето откри дека апликациите помагаат во негувањето врски на далечина, дека луѓето поскоро сакаат да добијат деца, односно дека се сексуално задоволни исто како и оние парови кои се запознале во живо.
Апликациите за онлајн состаноци, како што е Tinder, ги користат голем број луѓе низ светот, особено сега во време на пандемија кога шансите и можностите да запознаете нова личност се значително намалени.
извор: кајгана