Љубов и Секс

Врска со најдобриот пријател: Паметна одлука или голема грешка?

Врска со најдобриот пријател: Паметна одлука или голема грешка?

Со оглед на тоа што најдобрите пријатели најчесто се личности кои ја знаат секоја верзија од нашата личност, врската со нив од една страна е примамлива. Но, од друга страна, може да значи и погрешна одлука.

Дали сте сигурни дека сакате да бидете во врска со најдобриот пријател? Некои експерти велат дека врската со најдобар пријател е клуч за пронаоѓање сродна душа и долг и среќен живот, но други сметаат дека е тоа најголема грешка бидејќи ќе ја изгубите најважната личност во животот.

Па тогаш, која одлука е најисправна?

Пред да ја донесете прочитајте за што треба да размислите пред да се одлучите.

1. Сексот менува сè

Ви се случило да запознаете интересен и секси маж кој во кревет е поинаква приказна? Дали може да го замислите најдобриот пријател во таа ситуација? Сигурни сте дека ваквите работи може да минат без непријатности? Немојте да заборавите дека пријателите со бенефиции ретко завршуваат како „само пријатели“ повторно.

2. Постои можност да го загубите засекогаш

Штом еднаш влезете во врска со пријател, ако раскинете слаби се шансите да заборавите низ што сé сте минале во врската и повторно да се доживувате како пријатели.

3. Премногу знае за вас

Со вас минал низ секакви ситуации и драми, знае сè за вас и тоа е добро, но сепак во секоја врска е потребна доза мистериозност, барем на почетокот.

4. Повеќе немате најдобар пријател

Ако сте во врска со него, на кого може да му се доверите за проблемите? Сетете се колку пати сте барале совети од него. Не заборавајте дека веќе не може да се карате и набрзина да се смирите, бидејќи веќе не сте само најдобри пријатели, туку нешто повеќе.

извор:кајгана.ком

To top