Сериозната љубовна врска не е нешто кон кое секој се стреми. Некои луѓе повеќе уживаат во аферите без обврски, но често е тешко од прва да препознаете кој што сака.
За среќа, постојат јасни знаци кои откриваат дека некој не е спремен за сериозна врска, а истите ги открива експертот за врски, Џули Спира, за магазинот “Cosmopolitan”.
Самиот ви го кажал истото
Кога партнерот сам ќе ви каже дека не сака сериозна врска, немојте да очекувате промена во неговото мислење. Форсирањето тој да се предомисли само ќе го исплаши и ќе го оддалечи од вас.
Ретко комуницирате
Некој кој не е во потрага по сериозна врска нема ни потреба секојдневно да комуницира со вас или да разменува пораки. Од друга страна, ако мажот сака да разговара со вас и подобро да ве запознае, тоа значи и дека е спремен на љубовна врска.
Сè се сведува на секс
Ако ви се јавува само во вечерните часови и ве кани на “дружење во неговата спална соба”, тогаш веројатно не сака ништо повеќе од секс без обврски. Ако е она тоа што и вие го сакате, одлично, но ако барате сериозна врска, време е да продолжите понатаму.
Не е романтичен
Романтиката е неизбежна во почетокот на секоја сериозна врска, а ако помеѓу вас воопшто ја нема, тоа е знак дека тој веројатно не сака ништо сериозно.
Не го поминува своето слободно време со вас
Ако избегнува дружење со вас за време на викендот, празниците и другите слободни денови, тоа може да биде еден од начините на кој пробува да ви даде до знаење дека не сака да отпочне љубовна врска со вас.
извор: точка.мк