Порано велеше дека за секоја посветеност кон работата секогаш има жртва, а во нејзиниот случај тоа беше ќерката која најчесто беше во друштво на баба и дедо. Сега пејачката Анета Љуманковска екс Мицевска, барем според објавите на социјалните мрежи се повеќе време наоѓа за својата Мони и богатење на односот мајка – ќерка.
Со разделбата од сопругот и татко на нејзината неследничка, Џими Мицевски, Анета живее ново поглавје. Но, животот оди понатаму, со сите нови предизвици и искушенија што ги носи секојдневието.
Не секој ден треба да се гледа од страна на негативното, напротив што посветло и пооптимистично, тоа поубаво, особено кога се има повод како во случајот.
За мајките роденденот на нивните чеда е нешто свето, па дури е подраг од сопствениот. Анета овој месец ноември го има тој ден –роденден на ќерката Моника која веќе е возрасна 21 годишна девојка.
Преку фотографија со посвета и роденденска честитка, мама Анета ја советуваше Моника што тоа животот ќе и донесе…
-Душо моја најмила. Ти посакувам да бидеш силна, во животот ќе сретнеш секакви луѓе, некои ќе те сакаат помалку, некои повеќе. Ќе наидуваш на пречки, но ќе ги надминеш со твојата сила и никогаш не прифаќај помалку од она што си заслужила. Среќен роденден мила моја. Те сака мама.
Инаку, евидентно е дека ќерката е копија на мама, а освен убавината ги наследила и талентот за музика. Моника има талент за пеење, но не сака да биде пејачка, а нејзината баба во едно интервју изјави дека наследничката на Анета учи стоматологија и сака тоа да биде нејзина идна професија.
Времето носи нови предизвици и нови ветрови, а што ќе донесе во животот на Моника, останува на судбината и вистинските избори.
Среќен роденден!