Секој од нас си го избира својот животен стил и не е редок случајот двајца луѓе да се заедно, но по некое време излегува дека токму поради различните преференци, цели и идеи за тоа како треба да изгледа една врска, ја прекинуваат врската. .
Постојат многу начини на кои луѓето покажуваат екстремно непочитување и недостаток на љубов, а со личност која се однесува така дефинитивно не можете да бидете среќни во врската, ниту пак да се трудите да бидете во нивна близина. Тој едноставно не те заслужува.
Одбива да ви помогне
Колку пати сте слушнале од вашата „друга половина“ дека не знаат, не можат или, што е најлошо, не сакаат да направат нешто? Врската подразбира дека партнерите можат да се потпираат еден на друг, да си помагаат и да напредуваат заедно. Доколку не ја чувствувате поддршката од партнерот, тој одбива да биде ваша поддршка и помошник, навистина нема потреба да правите понатамошни планови со него. Замислете како ќе биде да се биде во брак со таква личност.
Се заканува дека ќе си замине
Никогаш, апсолутно никогаш не смеете да дозволите некој да ве уценува! Без разлика колку вашиот нарцисоиден и себичен партнер ви кажува дека ќе ве остави поради нешто, што навистина не е причина да раскинете, треба да го пуштите да си оди.
Врската не му е прв приоритет
Работата, семејството и пријателите се важни работи, но не смеат секогаш да бидат пред љубовта. Секој заслужува да биде приоритет на својот партнер. Затоа бидете внимателни. Добро погледнете до кој степен ви дава важност во вашиот живот и ако забележите дека апсолутно секогаш сте на второ место, јасно ви е што треба да направите, заради себе.
Предавство
Изневерувањето е секако најочигледниот облик на предавство, но има и други работи. Изневерената доверба е исто така лоша работа. Не е во ред вашиот партнер да открива интимни детали за вас пред неговите или вашите пријатели или, уште полошо, пред членовите на семејството. Исто така, тајните кои сте му ги довериле треба секогаш и строго да останат меѓу вас.
изор:popara.mk