Балканската ѕвезда Драгана Мирковиќ живее во дворец во Виена, но за тоа не сака да зборува јавно.
Жена која работи во дворецот на Мирковиќ за курир.рс проговори и откри што се крие зад тој луксуз и што се случува за затворени врати.
„Иако изгледа невозможно, Драгана и Тони живеат како во бајка. Таа секое утро го буди со песна. Обавезно му подготвува појадок, не дозволува ние да го правиме тоа. Едноставно, сака да му угодува. Вообичаено му подготвува омлет со сланина или пршута и некоја салата. Секако, има и цеден сок. Тие како да се родени еден за друг. Никогаш не ги слушнав да се караат, а со години работам кај нив“ вели жената и продолжува:
„Ни Тони никогаш не се развика на Драгана. Само и вели: „Најубава си и најдобра на свет“. Навистина се пар за пример. Ни околу децата не се расправаат, се решаваат со разговор. Гага се нервира кога има обврски надвор од дома, таа е семеен тип на човек. И ако има неколку настапи и подолго време не е дома, тоа знае да ја вознемири, а инаку е многу смирена жена. Сите не почитува, никогаш не ни се развикала, ни таа, ни Тони. Навистина, тие се прекрасни луѓе“.
За потсетување, Драгана и Тони заедно од бракот ќе имаат децата Марко и Мануела кои не сакаат да се ескпонираат јавно.