Вработена мајка со шест деца помлади од шест години открила како го одржува редот во својата куќа наспроти хаотичниот фамилијарен живот.
Кречел Картер (27) не само што го води домаќинството туку и успева да обезбеди совршено чист дом, пишува “Daily Mail”.
Австралијанката која покрај сè го води и блогот “Eight At Home” е позната и по духовитиот пристап кон семејниот живот. Неодамна таа открила како управува со целата “збрка” во својот дом.
Децата помагаат во домашните обврски
Оваа мајка од јужна Австралија не е една од оние домаќинки кои секогаш средуваат по другите, туку живее по правилото “децата помагаат”.
“Сликаме, си играме со коцки и правиме различни активности преку кои децата се забавуваат, но откако ќе завршат со тоа, тие мора да ги средат своите соби”, нагласува Картер.
“Играчките одат на свое место, нечистата облека оди во корпата за алишта, а чистата облека на нејзиното одредено место. Исто така, децата сами ги местат своите кревети”.
Без непотребни работи во домот
Кречел открива дека е немилосрдна кога станува збор за тоа што ќе се фрли, а што ќе се задржи во домот.
“Имам само тави и тенџериња во домот кои постојано ги користам, доволно прекривачи за секој кревет и минимум непотребни работи”, објаснува таа.
Секој член од семејството има по една фиока за ситници кои ги чуваат, а сето останато кое не се користи или е скршено, се фрла. “Доколку нешто не користите секојдневно и доколку не ве прави среќни, не ви треба”, додава таа.
Максимално користење на утрата
Многумина родители со мали деца знаат колку се тешки утрата. Картер вели дека никогаш не излегува од домот сè додека истиот не е уреден.
“Децата ги средуваат своите соби и ги местат своите кревети. Доколку наутро за време на појадокот, тие одлучат да си играат на подот, мора да ги соберат сите играчки и да ги вратат на место. Јас секогаш се грижам садовите да се измиени, а масата на која што појадуваме да е уредна”.
Детално чистење еднаш во неделата
Картер еднаш неделно ги брише подовите, ја чисти бањата, ги менува чаршафите и ја брише прашината во домот.
“За мене, деталното чистење е закажано за во сабота и истото трае околу 2 часа во кои пуштам музика, пејам, танцувам и истовремено чистам”, вели таа.
Оваа креативна мајка се колне во моќта на ваквите “акцесоари” во домот бидејќи даваат дополнителна нота на луксуз.
“Убавиот мирис ве повикува да се опуштите и да уживате. Со нив, вашата куќа мириса свежо, на зелено јаболко”, објаснува Картер низ смеа.
Иако чистотата ѝ е многу важна, таа е свесна дека најдобрите сеќавања се поврзани со играта и нередот.
“Чистата куќа не создава спомени, но одржувањето на редот нѝ пружа повеќе време да создаваме спомени какви што сакаме”, заклучува Картер.
изворточка.мк