И мажите имаат одедени делови од телото чија што стимулација може да ги доведе до „лудило“. Можеби за некои од нив не сте знаеле, па затоа ќе ви ги откриеме машките ерогени зони.
Тоа се следните точки:
1. Ф-точка
Во овој случај „Ф“ е кратенка за френулум. Тоа е делот кој што се наоѓа на врвот од пенисот, од долната страна. Таа точка е многу чувствителна и стимулира многу работи за време на оралниот секс.
2. П-точка
Оваа точка се нарекува и перинеум. Тоа е подрачјето помеѓу пенисот и анусот. На нежните двжења на тоа подрачје мажот сигурно ќе реагира страстно.
3. В-точка
Можеби оваа точка не делува како ерогена, но кај некои од мажите и тоа како може да предизвика возбудување. „В“ е кратенка за врвот на прстите. Да, кога нежно и полека му ги лижете врвовите од прстите и го гледате нежно во очите.
4. К-точка
Ерогената точка може да биде и на грбот, „К“ е кратенка од крсните коски, тоа е подрачјето на грбот кое што често треба да го стимулирате. Под кожата се наоѓаат нерви кои што се поврзани со гениталиите. Истражувањето покажало дека електричната стимулација на крсните коски може да доведе до оргазам.
5. Долниот дел од задникот
Местото каде што завршува задникот и почнуваат бедрата е исклучително чувствително. Толку многу што мажот може да доживее моќен оргазам кога ќе почувствува стимулација на ова место.
извор: точка.мк