По аферата „Рекет“, програмата на 1ТВ виси на конец, а гледачите на естрадниот магазин „Ексклузив“ се уште можат да се потсетат на репризните изданија.
Водителот на емисијата, Стефан Лазаров, иако беше маѓепсан од телевизијата, не застана со своите амбиции да биде пред очите на јавноста.
Имено, тој од водителски премина во музичките води, а деновиве го промовираше својот прв деби сингл насловен „Хола Мамасита“ заедно со Денис Куртовиќ.
Ангажманот на телевизија Стефан го доби сосема случајно, откако го критикуваше Сергеј Варошлија, но потегот во музиката не е случаен бидејќи тој е син на познатиот музичар и композитор Орце Лазаров.
„Оддамна имам желба да пробам да бидам дел и од музичкиот свет. Немав таков план, но зошто да не? Во вистински момент се поклопија коцките со Денис Куртовиќ и можам да кажам дека сме супер задоволни од нашата песна „Хола Мамасита“. Очекувајте многу други песни“, вели Стефан за Хаштаг.мк
Од авантура во авантура, важно е дека Стефан не застанува во остварување на своите соништа, а не се сомневаме дека овој негов музички потфат ќе помине одлично со оглед на тоа дека во неговата крв течат музички гени.