Радио Милева исповед

Водителката на „Слагалица“ проговори за разводот:„Со денови бев во кујната и знаете што се случи? Сопругот се сврте и си замина“

Водителката на „Слагалица“ проговори за разводот:„Со денови бев во кујната и знаете што се случи? Сопругот се сврте и си замина“

Водителката Милица Гачин која на публиката е позната како водителка на „Слагалица“ си ја отвори душата и го сподели своето искуство за разводот од сопругот со кој веќе неколку години не е во брак.

Милица е активна на социјалните мрежи и со нејзините следбеници редовно зборува за важни теми кои се важни за припадничките на понежниот пол.

Така неодамна во едно видео зборуваше за односот на околината кон жените, па проговори и за нејзиниот развод од сопругот со кој ги има ќерките Хана и Катја.

-Јас на своите 20 години не знаев речиси ништо, на своите 30 години бев малку попаметна. И тогаш се вклопив во тој стеротип, прво да го задоволам едното дете, па другото, па сопругот. Со часови, денови не излегував од кујната. Се да биде тип – топ, зготвено, да биде како што треба, децата, домот. Се да биде перфектно. И знаете што се случи? На првиот камен се сопна, на првиот проблем се сврте и си замина.  Ми кажа – „јас не го можам ова, тешко ми е“ и си замина“, вели Милица во видеото.

Како што вели, се нашла во неблагодарна ситуација бидејќи освен за децата требала да се грижи и за нејзиниот болен татко.  Тогаш сфатила дека треба да собере сили и да продолжи понатаму.

– Се најдов во незавидна ситуација, со две деца, со мала плата, со татко кој беше во катастрофална ситуација, речиси на умирање. Тогаш сфатив дека единствената опција ми е успехот, дека немам можност за ништо друго. Едноставно имам можност да успеам и тоа е се што можев да си дозволам. Но, воопшто не е лесно – истакна водителката.

фото: инстаграм

To top