Радио Милева
потешка е одлуката, отколку чинот...

Водителката на емисијата „Балканска улица“, Весна Дедиќ ги откри деталите за разводот: „Лошиот брак е воз од кој треба наврема да скокнеш, па макар ги скршил обете раце и нозе“

Водителката на емисијата „Балканска улица“, Весна Дедиќ ги откри деталите за разводот: „Лошиот брак е воз од кој треба наврема да скокнеш, па макар ги скршил обете раце и нозе“

Водителката на популарната ТВ емисија „Балканска улица“, Весна Дедиќ, пред неколку години се разведе од поранешниот сопруг Срѓан со кој ја има ќерката Ленка.

Таа неколку пати отворено проговори за разводот, а истакна дека тој период и бил многу тежок. Сега признала дека нивната врска не функционирала како што таа сакала, поради што веднаш решила да пресече и да стави крај.

„Тврдам дека нема ниту жена, ниту маж кој се развел во афект, лесно откажувајќи се од заедницата. Се разведов кога сфатив дека ќерка ми нема грижлив татко, ниту пак јас имам маж кој ме сака. Не би навлегувала во детали за нашата врска. Јас одамна изјавив дека лошиот брак е воз во движење од кој треба навреме да се скокне, дури и да ги скрши двете раце и двете нозе. Моите колкови се’ уште се малку изместени поради тој скок, но оваа станица каде што сум е секако подобра од онаа на која што би ја стигнала ако останев во лош брак“.


Весна истакнува дека разводот никогаш не е толку тежок како напорните и болни ноќи додека не сфатите дека ќе треба да донесете одлука за цената што ќе ја плати детето:

– Им се восхитувам и им завидувам на паровите кои продолжија заедно да се грижат за детето, емотивно и финансиски, дури и по разводот. Немам толку среќа. Морав да обезбедам покрив над главата, основна егзистенција, но и да ја понесам одговорноста за одлуките важни за воспитувањето на ќерка ми. Тоа ми беше најтешко, тоа прашање дали сум добра мајка која мора да биде и татко. Тешко е да се биде самохрана мајка во Србија бидејќи српските плати на повеќето образовани жени не ги задоволуваат потребите за изнајмување стан, храна, комуналии, а да не зборуваме за облека, одмори, патувања…“ – изјави Весна.

Фото: Инстаграм принтскрин/dedicvesna

 

Останати вести од Радио Милева