Радио Милева некогаш и сега

Водителката на „Брза кујна“ не ги крие годините, ама ни тоа како изгледала пред речиси две децении (фото)

Водителката на „Брза кујна“ не ги крие годините, ама ни тоа како изгледала пред речиси две децении (фото)

Кој вели дека бројот на годините и неколку брчки плус значат старост, а не шарм?

Сепак, според некое непишано правило се вели дека дамите не се прашуваат за години. На некои тоа им одговара бидејќи не сакаат да ги прашуваат , додека пак други без комплекси знаат да откријат колку наполниле.

ТВ водителката и домаќинка на кулинарското шоу „Брза кујна“, Сања Савеска е во оние кои не кријат како е подредена двоцифрената бројка на нејзината возраст.

Шармантната Сања е во петтата животна деценија, односно брои 43 лета зад себе кои гордо ги носи со целото свое искуство кое го донело животот. Во една прилика, поточно за свој роденден, таа ова го опиша вака:

-Годините не значат ништо,тие се само бројка! Важен е мирот,среќата и радоста кои ги носиме во срцата и пријателите со кои ги споделуваме. Но најважно е без оглед на се, низ годините да чекориме храбро и со насмевка, напиша Сања во една прилика, а ова остана и да посвердочи од нашите објави.

Сега затоа што вопшто не е важно колку години има, водителката направи една компарација од својот изглед пред цели 18 години и оној денес, а роденденот не беше повод во случајот.

Приложеното покажува едно – годините навистина се само број за убавата Сања, енергијата и внатрешното чувство се први при експресијата, а кај познатата водителка, визуелно, а сигурно и внатешно тоа магично функционира.

Оттука, која фотографија е ретро, а која нова, пресудете сами.

фото: Instagram printscreen/ sanja_saveska

To top