Таа е една од нашите најпопуларни водителки. Ја сакаат сите генерации, поради нејзиниот шарм и непосредност, а она што ја карактеризира Елена Стојановска е младоликиот изглед кој остана како нејзин печат кога некој би ја опишал.
Оттука, многумина тешко би поверувале дека таа е остварена мајка и тоа веќе на 10 годишната ќеркичка Илина.
За нејзините професионални ангажмани, позајмувањето на глас за реклами и инфлуенсерството, јавноста, особено оние кои ја следат на Инстаграм се добро запознаени. Но, за се’ она што и се случува на приватен план, убавата Елена не така често знае да го открие.
Сепак, нејзините најблиски не се исклучок од објавите на социјалните мрежи. Периодот кога таа беше бремена остана како некоја тајна, па така фотографии од Елена со труднички стомак речиси и да нема.
Мајчинските моменти со своето чедо за една мајка се бесценети, така што оправдано е се’. Елена сега почувствува потреба и помисли дека е вистинскиот момент за да сподели фото спомен од времето кога нејзината Илина е потпораснато бебенце, залепено до мама.
Еднаставна во опуштена домашна атмосфера, предана на својата убавица која си ја нарекува нагалено Буби.
Времето си лета, Елена останува навидум непроменета, а Буби на мама веќе е поголемо девојче кое разбирливо се уште е неразделна од мама.