Со оглед на тоа дека и чоколадото и виното сами по себе се богати и комплексни, нивната комбинација може да создаде неверојатна симфонија на мирис и вкус на вашето непце. Покрај тоа, и какаото и црвеното вино се многу богати извори на антиоксидантни флавоноиди, па зошто тогаш да не уживате во нивното одлично спарување.
Свртете го виното во чашата. На овој начин доаѓа до израз полниот ароматичен потенцијал на виното. Почувствувајте го букето.
Напијте се мала голтка. Надразнете ги непцата. Испровоцирајте ги вашите сетила. Почувствувајте ги различните вкусови.
Земете уште една голтка. Задржете го виното во устата. Во устата постојат над десет илјади рецептори за вкус и со обично голтање на виното рецепторите кои се наоѓаат на страна и во коренот на јазикот остануваат неискористени. На овој начин сетилото за вкус нема да даде целосен допринос кон искуството со дегустацијата на вино.
Земете малку чоколадо. Нека чоколадото се стопи на вашиот јазик. Откривајте полека различни вкусови.
Земете помала голтка вино. Нека виното го исплакне вашето непце со траги од чоколадо. Воодушевете ги рецепторите во вашата уста со богатство од најразновидни вкусови.
Насмевнете се и уживајте… Среќата е во малите нешта.
Повторете сè од почеток!
Чоколадото е сон, мисла, поезија…
Кога чоколадото ќе го спариме со вино, сонот станува реалност, мислата станува песна, а емоцијата сензација…
Кога соништата ќе ги надминат мислите и песната ќе ја допре емоцијата, настанува симфонија.
Уживајте во вкусот на симфонијата.