Живот и Стил

„Водич за опстанок“ за новопечените татковци

„Водич за опстанок“ за новопечените татковци

Кога во вашиот живот ќе дојде еден мал пакет радост, сè се менува. Воглавно на подобро, но ќе биде потребно извесно време да се навикнете на новите околности.

Еве што имаат да ви кажат мажите кои веќе поминале низ ова искуство, ви предложуваме неколку совети кои ќе ви олеснат во првите неколку недели:

Вие сте во истиот тим

Вашиот партнер, вашето бебе и вие сте во истиот тим. Сетете се на тоа следниот пат кога сте на работ со мајката на детето да се судрите околу тоа чиј „ред“ е да станр кога бебето ќе заплаче. Колку и да сте уморни, вие и жената што ја сакате заедно пловите во оваа нова, прекрасна фаза во животот.

Лесно е да се заборави кога сте ненаспани и исплашени, а притисокот само расте, земете длабок здив и насмевнете се – станавте татко. Длабоко во себе знаете дека би го поместиле светот за тоа бебе што само вика гласно како да е три пати поголемо од онаа мала трошка која сте ја донеле од болница.

Штом е така, тогаш, станете и земете ја таа трошка во вашите раце. Никој не бара од вас да го да го поместите светот. Само земете го бебето и пејте му.

И не заборавајте ја во сето ова мајката на бебето. Неа и требаат пет минути во текот на денот со вас, за да собере сила и да се чувствува дека во таа цела гужва и возбуда ја сакате најмногу на светот, повеќе отколку што некогаш мислевте дека можете да ја сакате.

Останете мирни

Ова е важно не само поради мајката на вашето бебе, бидејќи ќе и биде многу полесно ако види дека сте смирени и не паничите затоа што вашето бебе има грчеви, туку и затоа што бебето ја апсорбира емоционалната состојба на нивните родители, а во согласност со тоа така се однесува. Ако сте нервозни и бебето ќе биде нервозно, ако сте во ред, и бебето ќе биде.

Мали чекори

Треба да го прифатите фактот дека сте зачекориле со доаѓањето на бебето на свет сте зачекориле во непознатото. Се разбира дека не секогаш ќе можете да се снајдете во секунда. И, се разбира, тоа ќе биде тешко во некои моменти. Но верувајте во себе. На бебињата обично им е доволно да ги сакате со сета своја сила. А ако пелената не е совршено наместена, ништо страшно. Исто така ќе го увежбате и тоа. Трпението е доблест.

Научете да слушате

Ако слушате внимателно, ќе разберете дека бебето ви кажува што му треба. Во првите недели, не се обидувајте да воспоставите некоја рутина. Слушајте ги потребите на вашето бебе. По некое време, ќе воспоставите заедничка рутина, па ќе научите да препознаете кога вашето бебе сака да спие, кога е гладно, а кога само сака да го земете во раце.

Кафето е најдобриот пријател на човекот

Дури и ако не сте биле обожаватели додека не станете татко, наскоро ќе сфатите дека понекогаш ви треба чаша кафе за да се подигнете. Несоните ноќи ви се загарантирани, барем на почетокот, па сето она што го покренува вашето ниво на будност и енергија е добредојдено. Вклучувајќи кафе, секако.

И не грижете се, нема да го „расипете“ бебето. Само слушајте го своето срце. И радувајте се на секој нов ден, во иднина ќе ве чекаат прекрасни работи.

To top