Лице в Лице

„Во Скопје на ја бива без вино и кафеана“: Глумецот Горан Богдан на гезме со Бјелогрлиќ и македонски актери (видео)

„Во Скопје на ја бива без вино и кафеана“: Глумецот Горан Богдан на гезме со Бјелогрлиќ и македонски актери (видео)

Хрватскиот актер Горан Богдан е во Скопје за премиерата на филмот „Чичко“, со кој се отвора филмскиот фестивал „Киненова“. Во филмот кој е психолошки трилер игра заедно со Мики Манојловиќ. Публиката, пак, го памти како Мустафа Голубовиќ од „Сенки на Балканот“, серија за која зборува со сто мераци. Особено што со Драган Бјелогрлиќ и денес се дружат.

„Се запознавме кога почнавме да ја снимаме серијата, но до денес се дружиме и веќе ја снимаме третата сезона на серијата“, вели хрватскиот актер.

Горан Богдан играше и во серијата „Фарго“ со Јуан Мекгрегор. Освен што на цела екипа им правеше скара на тераса, за Холивуд вели: „Ма тоа ти е како мало дете кога ќе отиде во Дизниленд“.

Ретко кој знае дека има запишано 8 факултети. Дипломирал економија, но дента кога требало да почне да работи во министерство за финансии, не дошол на работа туку на прием на глума. Го примиле и така почнала актерската приказна. „Тоа што имам осум индекси не е за пофалба. Не знам ни ја со кој памет го правев тоа“, вели актерот.

Родителите му се професори, а тој има две сестри и се тројца браќа. „Бевме вкупно 8, сосе моите. И секогаш ни беше весело. Со најмалиот брат сум 17 години разлика. Види, ние бевме многу, ама сме една убава фамилија и никогаш не сме биле страдни за храна, да речеме како Оливер Твист“, раскажува Богдан за „Репортер“.

За љубовта со актерката Јована Стоилковиќ не сака да зборува, иако медиумите наголемо пишуваат за нивната врска. Ни откри дека во Скопје се дружи со повеќе македонски актери. „Нема бегање кога си тука, од кафеана и вино. Да не се лажеме. Едвај чекам да седнеме“, искрен е актерот.

Живее во Загреб, ама роден е во Широки Брег. Ужива да готви, а некогаш бил финалист во натпревар за кулинарство. „Порано живеев како клошар, јадев кај ќе стигнев, ама сега си го уредувам станот и најубаво ќе ми биде уредена кујната“, вели Богдан.

Рокер кој по малку слуша народно, актер кој игра во Холивуд, малку напорен додека зборува, ама духовит, каков е Горан Богдан приватно, гледајте го интервјуто.

To top