Љубов и Секс

Во што ужива секој хороскопски знак после секс?

Во што ужива секој хороскопски знак после секс?

Во ѕвездите се запишани многу работи, вклучувајќи ги и сексуалните желби. Веројатно веќе знаете во што ужива секој знак за време на сексот, но дали сте се запрашале што сакаат да прават хороскопските знаци после водењето љубов? Некои сакаат да разговараат, некои да се бакнуваат, а некои пак само сакаат да спијат. Погледнете што најчесто прави секој хороскопски знак после секс.

Овен

Кога Овенот е сингл и има секс за една вечер, може да се случи да не може да се сети на името на партнерот. Најчесто после секс, Овенот мисли на неговиот следен проект. Па, долготрајното галење и гушкање после сексот дефинитивно не е за овие луѓе.

Бик

После сексот на секој Бик му е потребен неговиот сон за убавина. Луѓето со овој хороскопски знак навистина сакаат да спијат после секој секс.

Близнаци

Слично како Овните, така и Близнаците ги насочуваат мислите на нешто сосема друго после сексот. Перење облека, праќање пораки, новата епизода од омилената серија… Тие размислуваат за сè, освен за самиот секс.

Рак

На Раковите им е потребно малку време во кревет после секс. Тие сакаат бакнување и прегратки и не можат да се заситат од близина после сексот.

Лав

Лавот сака да биде во центарот на вниманието, па дури и во кревет. Поради ова, после секое водење љубов, Лавот сака да размисли за неговата „изведба“. Бидејќи Лавовите се секогаш горди на себе, не им е потребна никаква потврда од партнерот.

Девица

Кога станува збор за сексот, Девиците имаат големи очекувања. За време на самиот чин, тие помнат сè со цел да можат да му кажат на партнерот што сакаат, односно да се подобрат и самите.

Вага

Вагите уживаат во комплиментите и навистина сакаат да слушаат колку биле добри во кревет. Спротивно од Лавовите, на овие луѓе им е потребна потврда за тоа дали се добри љубовници.

Скорпија

Скорпиите не се многу сигурни во себе за време на сексот, па веднаш после тоа се преплавени со прашања. Често се сомневаат во себе и се прашуваат дали биле добри и дали му се допаднале на партнерот.

Стрелец

Стрелците, исто како и Скорпиите, немаат многу голема самодоверба кога станува збор за секс. Но после секое водење љубов сакаат да се напијат чаша вино, да запалат цигара и слично. Пред да почнат да го прашуваат партнерот дали му се допаднал сексот, најчесто заспиваат.

Јарец

На Јарците им се потребни чистота и структура. Па, најмногу сакаат да се истушираат после секс. После овој мал ритуал се чувствуваат како да се преродени.

Водолија

После сексот, Водолиите сакаат да останат уште малку во креветот и да разговараат за разни теми. Ова им е навистина важно бидејќи така се поврзуваат со партнерот.

Риби

Рибите се навистина емотивни, па неретко им се случува да заплачат после секс. Доколку не се случи ова, сигурно се на раб на плачење. Важно е да знаете дека причината е тоа што искуството им било преубаво и природно.

извор:кафепауза.мк

To top