Шармантната и убава водителка, новинарка и уредничка Анастасија Деа Богданоска повторно е отсутна од работната позиција пред камерите на Алфа телевизија, а причината добро позната – породилното отсуство.
Деа пред два месеци се породи и по вторпат стана мајка, овој пат на машко бебе кое го носи името Раде.
Деа во текот на бременоста често објавуваше фотографии од трудничкото стомаче, а и откако се породи објавува фотографии како од двегодишната ќеркичка Дениција, така и од нејзиното помало братче.
View this post on Instagram
Познатата мама е комплетно посветена на наследниците кои се центарот на нејзниот универвум, а дека мајчинството прави да се чувствува магично, говорат моментите кои ги објавува јавно со своите пријатели и следбеници.
Постпартум периодот е вистински предизвик за една жена, бидејќи хормоните лудуваат, а телото и физички трпи доста промени.
На стомакот му треба време да се собере, па жените често знаат да се огледуваат една на друга, особено по бременоста- некои се задоволни, други не, а трети пак се носат со она она што го имаат од мајката природа.
Анастасија веројатно е во групата на оние задоволните, бидејќи два месеци откако се породи таа облече стајлинг сочинет од краок топ кој го разголува стомакот, споен со макси здолниште.
Раде е во нејзините раце, а нејзиното лице блеска од благословот дарен од Бога – зарем нешто друго е важно!?
фото:Инстаграм/Фејсбук/Анастасија Богдановска