Постојат многу секс пози во кои можеме да уживаме, но, ако може да им се верува на сексуалните експерти, во некои пози постигнувањето оргазам е полесно и тој е поексплозивен.
Каубојка
Сексолозите тврдат дека многу е важно жената да преземе контрола над партнерот и да доминира, дури и ако не се однесува така во секојдневниот живот.
„Секс позата каубојка, во која жената е горе, односно врз партнерот, ѝ дава можност за контрола, поради што се чувствува посигурно и посамоуверено“, рекла д-р Деби Хербеник за „Men’s Health“.
Обратна каубојка
Уште една сексуална поза која се препорачува ако сакате да доживеете експлозивен оргазам е и обратна каубојка. Во оваа поза жената исто така седи врз мажот, но му е свртена со грб.
Кружење
Додека седи врз партнерот, жената треба што е можно повеќе да кружи со колковите, особено ако партнерот не е ‘надарен’. Така ќе го почувствува секој сантиметар и двајцата ќе бидат задоволени.
Странично
Ако партнерот е ‘надарен’, тогаш за жената најдобро е да биде странично свртена. Во таа поза може полесно да се опушти и да ги контролира неговите движења.
Мисионерска поза
Хербеник истакнала дека токму мисионерската поза е идеална за жени кои сакаат да уживаат, но и да забременат.
„Иако станува збор за мисионерска поза, за поуспешно да ја задоволи патнерката, треба да се постави над неа малку повеќе од вообичаеното, така што пенисот при пенетрација наместо нагоре, да биде насочен надолу.
извор: точка.мк