Иако мисионерската поза често се карактеризира како најдосадна, науката тврди дека токму тоа треба да го изберат жените доколку се надеваат дека ќе доживеат оргазам.
Иако Интернетот е полн со совети како да ја задоволите жената во кревет, ова е единствениот научно докажан, вели д-р Лори Минц, автор на книгата за женскиот оргазам „Becoming Cliterate: Why Orgasm Equality Matters – And How to Get It“.
А дека жените имаат проблем со тоа, со текот на времето покажале неколку студии; една е спроведена пред неколку години на 800 американски студенти, а резултатите велат дека жените доживуваат оргазам за време на водењето љубов само 39 отсто од времето, додека мажите доживуваат 91 отсто од времето кое го поминуваат водејќи љубов.
Иако понекогаш се разбира дека одглумуваат за да ги поштедат чувствата на партнерот, женското задоволство не е мистериозна и неразбирлива работа и секој треба да знае дека не секоја жена може да доживее оргазам од пенетративен интимен однос. Ова е потврдено со студија која вели дека жените достигнуваат кулминација почесто во кревет со други жени отколку со мажи; а друга студија вели дека речиси 80 проценти од жените не можат да доживеат кулминација без стимулација на клиторисот.
За да проверат која поза е најпогодна за ова, во оваа студија, истражувачите од приватната гинеколошка клиника „New H Medical“ во Њујорк го следеле протокот на крв во клиторисот на испитаниците за време на водење љубов во различни пози, вклучително и мисионерска, каубојка (лице во лице) и „кучешка“ поза.
На нив, велат, користеле ултразвучен скенер и откриле дека клиторисот е исполнет со најмногу крв, што е пресудно за оргазам, токму во мисионерската поза.
– Иако многумина зборуваат зошто која поза е добра, има малку научни истражувања кои ја оценуваат врската помеѓу различните пози и женскиот оргазам – изјавила за Метро д-р Кимберли Лови, додавајќи дека „кучешката“ поза се покажала како најмалку успешна за оваа цел.
извор:попара.мк