Живот и Стил

Во најмалото италијанско село се роди првото бебе после 8 години

Во најмалото италијанско село се роди првото бебе после 8 години

Италијанското село Мортероне, кое е најмало на Апенинскиот полуостров, го прослави раѓањето на новиот жител, првото бебе во селото по 8 години.

Мортероне, планинско село во Ломбардија, со раѓањето на малиот Денис го доби својот 29-ти жител.

-Ова е прво славје за целата заедница, изјавила градонаќалничката Антонела Инвернизи.

Родителите на Денис, Матео и Сара, го објавија раѓањето на својот син согласно традицијата, поставувајќи сина лента на влезната врата од својот дом. Ова е првпат да се види ваква лента во селото во 2012 година кога било родено девојче.

Раѓањето на Денис доаѓа неколку недели откако официјалните податоци на италијанските власти покажаа најмал број на родени деца од 1861 година. Во 2019 година во Италија се родени над 420.000 деца.

To top