Љубов и Секс

Во која секс поза најмногу уживаат жените од секој хороскопски знак?

Во која секс поза најмногу уживаат жените од секој хороскопски знак?

Хороскопот открива многу за нашите преференции и способности, а тоа важи и за сексот.

Ако сакате да дознаете каква сексуална партнерка би била жената која ве интересира, прашајте ја за хороскопскиот знак и одговорот побарајте го во следните редови.

Какви сте во кревет, која поза ви нуди најголемо задоволство?

Овен

Вие сте независни и бестрашни кога станува збор за сексот. Сакате ризични пози и ви предлагаме, доколку не сте пробале досега, да изведете „танц во скут“ (lap dance). Партнерот нека седне на стол, а вие приредете му го најдобриот танц што некогаш го доживеал. Вие обожавате да ја контролирате и водите играта, а ова е уживање и за двајцата подеднакво.

Бик

Вие сте многу директни во кревет и секогаш кажувате што сакате. Идеалната поза за вас е мисионерска, но во никој случај не дозволувате да бидете „морска ѕвезда“ во кревет, туку се вклучувате во акцијата и му помагате на партнерот да ужива во сексот со вас. Со вас, мисионерската поза е највозбудлива.

Близнаци

Имагинативни сте и енергични, па идеална поза за вас е седнати на работ на креветот додека вашиот партнер ве држи одзади. Партнерот нека ви ги крене нозете, а вие потпирајте се на лактите како во изведување plank. Акробатскиот секс добива нови димензии со вас.

Рак

Вие сте многу непредвидливи кога станува збор за сексот. Една вечер сте многу романтични, следниот пат сакате груба игра. Сè зависи од вашето расположение. Вашиот „специјалитет“ е „каубојка“ кога се чувствувате кротко и „обратна каубојка“ за диви ноќи.

Лав

Драматични сте, обожавате игри и со вас сето тоа се сведува на предизвик. Вашите сексуални вештини се во сенка само на вашата способност за заведување и предигра што ги надминува фантазиите. Обожавате да му удоволувате на партнерот додека ја имате целата моќ во свои раце, па масажата и задоволувањето со масла е вашето „тајно оружје“. Вие се возбудувате кога партнерот е возбуден, што ве прави неспоредлива љубовница.

Девица

Имате тенденција да бидете многу аналитични и прецизни во она што го сакате. Позата во која најмногу уживате е doggy style бидејќи е еден од ретките моменти во кои ја препуштате контролата и целосно се оддавате на уживање.

Вага

Припадничките на овој знак ја сакаат предиграта и обожаваат се бакнуваат. За да ги искористите максимално овие предности, ја обожавате позата „лотос“ – му седите на партнерот во скут и се бакнувате цело време, додека пенетрацијата сензуална и бавна.

Скорпија

Вие сте многу сексуални и подготвени сте да експериментирате. Поза што е идеална за вас и треба да ја пробате ако не сте досега е секс на топка за пилатес. Во оваа позиција, ќе можете полека да скокате, па ќе бидете задоволни и вие, и вашиот партнер.

Стрелец

Страста и љубовта се многу важни за вас во вашиот сексуален живот. Немате омилена секс поза, само сакате целата акција да е динамична и активна, од двете страни. И секако, да трае многу, многу долго.

Јарец

Сакате да си играте и тоа е одлично. Позата „мајмун“ не е за секого, но за вас е идеална. Вашиот партнер нека лежи на грб со нозете свиткани во коленатаа. Вие се позиционирате врз него како во позиција за сквот и се движите нагоре-надолу. Изгледа предизвикувачки, но за вас е задоволство и подвиг во едно.

Водолија

Вие навистина знаете како да уживате, а најубаво се препуштате на задоволствата во топла бања. Забавата може да почне во када, а да заврши под туш. Само бидете внимателни!

Риби

Вие сте романтични души и сакате да се гушкате. Секоја поза во која има многу допири и гледање во очи е одлична за вас. Вие знаете да постигнете ниво на интимност за кое не се сите способни, па сте незаборавна секс-партнерка.

извор: Кајгана

To top