Љубов и Секс

Внимавајте: Овие фрази ви ја саботираат врската

Внимавајте: Овие фрази ви ја саботираат врската

Недостатокот на доверба и љубов се најчестите причини за раскинување, меѓутоа, постојат одредени фрази кои често несвесно ги изговараме во моменти на бес и себичност, фрази кои ја саботираат нашата врска, создаваат јаз меѓу нас и нашите сакани личности и доведуваат до проблеми што ќе предизвикаат раскинување. Затоа бидете многу претпазливи кога ги изговарате следниве реченици:

Не е важно

Ако разговарате за некоја важна тема и разговорот го прекинете со фразата “Не е важно” ќе се разбудите одредени сомнежи кај партнерот, кои претежно сe неосновани и затоа бидете внимателни со зборовите.

Лажеш

Ако немате докази дека вашиот партнер ве излажал, обидете се да ги избегнете неоснованите обвинувања, бидејќи би можело да е предоцна. Довербата и добрата комуникација се основа на секоја врска, па затоа ако се сомневате во вашиот партнер, отворено разговарајте со него за да видите во што е проблемот, без непотребни обвинувања.

А да знаеш мене како ми е…

Кога вашиот партнер ви ќе се отвори и ќе каже дека му е тешко, не бидете себични и дајте му простор. Сослушајте, разберете и подржувајте, а кога вас ќе ви дојде „жолта минута“ и тој ќе го стори истото за вас.

Ако ти е грижа за мене, ќе го сториш тоа …

Во љувовта уценувањата се беспотребни. Никој не сака секојдневно да ја оправдува својата љубов и начинот на кој умее да сака, бидејќи на крајот, тоа е индивидуална работа. Емотивните уцени оптеретуваат и затоа морате да бидете многу внимателни.

извор:попара.мк

To top