Радио Милева
погрешно разбран или со право „исплескан“?

Владе Дивац го претепал Ниша Савељиќ: НБА ѕвездата и фудбалерот биле добри пријатели, се додека ќерката на Дивац не почнала да добива додворувачки пораки од пријателот на татко и!

Владе Дивац го претепал Ниша Савељиќ: НБА ѕвездата и фудбалерот биле добри пријатели, се додека ќерката на Дивац не почнала да добива додворувачки пораки од  пријателот на татко и!

Прославената кошаркарска НБА ѕвезда  Владе Дивац го претепал поранешниот фудбалер Ниша Савељиќ на крајот на декември минатата година среде Белград, во ресторанот во сопственост на екс –  кошаркарот Дејан Бодирога.

До судирот наводно дошло кога ќерката на НБА ѕвездата, Петра му се пожалила на својот татко дека неговиот пријател и праќа пораки преку Инстаграм преку кои отворено и се додворува.

Според добро упатени извори, Ниша и напишал на Петра дека пораснала, колку е убава и ја замолил да ја види. Знаејќи дека е пријател на нејзиниот татко, таа била во шок.

Таа веднаш му кажала на татко и сè и му ги покажала пораките. На Дивац му паднал мрак на очи, не очекувал такво нешто од човекот на кој финансиски му помогнал кога овој бил во неволја, а му најшол и сместување во Америка.

Очевидци тврдат дека Дивац и Савељиќ се нашле во ресторанот на исто така екс – кошаркарот Дејан Бодирога. Според нив, ситуацијата била во старт тензична. Дивац веднаш скокнал врз својот поранешен пријател. Паднале шлаканици, па Бодирога и келнерот притрчеле да ги разделат. Савељиќ се обидел да објасни дека немал лоша намера, но Владе воопшто не сакал ни  да го сослуша. Му удрил уште една шлаканица и со навреди в лице го истуркал од ресторанот.


Савељиќ тврди дека пораките кои и ги праќал на ќерката на кошаркарот биле погрешно протолкувани и истакнува дека Дивац навистина му помогнал во животот:

„Многу ми е жал што дојде до вакво недоразбирање. Дивац и јас сме пријатели долги години. Знае каков сум и каков татко сум, но и каков маж. Жал ми е ако мојата намера беше погрешно сфатена“ – вели поранешниот фудбалер кој се’ уште не може да се опорави од шокот поради се’ што се случило.

Фото: Инстаграм принтскрин/divaccp/officialvladedivac/#nisasaveljic

Останати вести од Радио Милева