Љубов и Секс

Вистинската причина зошто жените не можат да ги променат мажите што ги сакаат

Вистинската причина зошто жените не можат да ги променат мажите што ги сакаат

Доколку партнерите меѓусебно не се договорат дека ќе ѝ дозволат на саканата личност да ги менува, тоа сигурно ќе доведе до разделба

Порано се велеше: „Од него ќе направи добар човек“.

Кога двајца луѓе се сакаат, тие се инспирираат да станат подобри луѓе и работат на тоа нивната врска да биде најдобра што може да биде.

Тогаш, зошто многу врски и бракови завршуваат со раскинување и развод?

Експертите за врски имаат едноставно објаснување: ако партнерите меѓусебно не се согласат дека ќе дозволат да бидат менувани од саканата личност, туку тоа да го направат во„ракавици“, тоа сигурно ќе доведе до раскинување.

Жените природно се склони да ги „поправаат“ своите партнери, односно да влијаат на нивното однесување. Кога мажот се буни и одбива да се промени, тие го уверуваат дека тоа го прават „за нивно добро“. Во повеќето случаи можеби е така, но начинот е погрешен.

Зошто?

Докажано е дека 40 проценти од дневната рутина не е прашање на одлука, туку на навика. Во превод, речиси половина од работите што ги правиме секој ден се автоматизирани. Останатите 60 проценти се прашање на нашите свесни одлуки кои понекогаш можат да бидат исправни, понекогаш погрешни.

Отворената комуникација и границите се решение за секој конфликт. И, секако, прифаќање дека личноста е задоволна со себе и не гледа потреба од драстично менување за да биде „погоден материјал за врска“.

Малите прилагодувања со текот на времето може да нè натераат суптилно да го промениме однесувањето кое станало рутина. Но, барањето некој да се смени од корен и грубото инсистирање на тоа неизбежно води до раскинување.

Затоа, прво, бидете меѓусебно најдобри пријатели кои отворено ќе разговараат за тоа што им пречи во однесувањето на другиот. Лесно ќе откриете дали „неуспехот на врската“ потекнува од 40 проценти од однесувањата што ги повторуваме автоматски или не.

Ако одговорот е на страната на навиката, а не на страната на одлуката, големи се шансите „другата половина“ да се промени. Во спротивно, или прифатете дека совршенството не постои или побарајте некој кој повеќе ви одговара.

извор:попара.мк

To top