Љубов и Секс

Висината е сепак важна: Докажано е дека овие мажи се најдобри во кревет

Висината е сепак важна: Докажано е дека овие мажи се најдобри во кревет

Иако сигурно безброј многу пати сте слушнале дека висината не е важна, сепак ќе мора да ве разочараме.
Имено, студијата која е спроведена од „Body Logic MD“, открила дека повисоките мажи повеќе уживаат во сексот за разлика од ниските. Овде станува збор за мажи кои се повисоки од својата понежна половина и кои не се повисоки од 180 сантиметри.
Жените кои биле повисоки од 168 сантиметри, исто така истакнале дека уживаат во сексуалниот однос. Најголем дел од мажите пониски од 180 и жените од 168 сантиметри, одговориле дека не се задоволни со поголем број сексуални односи и се пожалиле на ниска самодоверба.


Истражувањето е спроведено со 1000 лица со различни висини, кои биле прашани за преференциите за висината на партнерот, како влијае висината на нивната емоционална состојба и самодоверба.
Повисоките лица покажале поголема доза самодоверба и посилна емоционална стабилност.
Покрај тоа, мажите се сложиле дека преферираат жени кои се малку пониски од нив, додека жените биле наклонети на повисоки мажи, а како идеална висина навеле 187 сантиметри.

извор:пулс24

To top