Живот и Стил

(ВИДЕО) Животот е вистинско чудо – почнува во стомакот на мајката

(ВИДЕО) Животот е вистинско чудо – почнува во стомакот на мајката

Чувството кога идната мајка, без разлика на тоа по кој пат очекува дете, ќе го почувствува бебето кое го носи во својот стомак е непроценливо. Ова видео покажува како бебињата мрдаат додека се во стомакот на мајката.

Мрдањето на бебето во стомакот не е бесцелно, новото истражување кое е спроведено во соработка со технолошкиот институт „Канпур“ во Индија и Колеџот „Тринити“ во Даблин, покажал дека мрдањето на бебето во стомакот е неопходно за да се развијат јаки коски и зглобови.

Стручните лица велат дека доколку бебето не мрда доволно, ќе се роди со слаби коски и зглобови.

Оваа снимка покажува како тоа изгледа „одвнатре“, а милиони го погледнале со неверојатна брзина, па така ова видео стана вирално.

https://www.facebook.com/TheIndependentOnline/videos/10156157638796636/

Животот е вистинско чудо нели?

To top