Живот и Стил

(ВИДЕО) Секому може да се случи: Бебе со денови плачело, а кога му ги соблекле чорапите следувал шок!

(ВИДЕО) Секому може да се случи: Бебе со денови плачело, а кога му ги соблекле чорапите следувал шок!

Џема Фрејзер, мајка од Шкотска, на својот Фејсбук профил објави фотографија за незгодата која и се случила на нејзината ќерка.

Поради долго русо влакно од главата на Џема, нејзиното бебе за малку ќе го загубеше прстот на ногата.

Додека и ја менувала пелената, Џема забележала дека едно прсте од ногата и се надуло и попримило речиси виолетова боја. Прво мислела дека ќерката има алергиска реакција, но кога подобро видела се шокриала.

-Бебето цел викенд беше нервозно и расплакано. Веднаш потоа се запрашав колку долго стоело влакното околу нејзините прсти и колку време требало потполно да ја прекине циркулацијата?, рече Џема.

https://www.youtube.com/watch?v=0vqNdtjxbyU

Се обидела сама да го тргне влакното, но била претесно врзана и нејзината ќерка Орла не престанувала да плаче. Потоа повикала брза помош и на нив им требало 45 минути со ножици да го исечат вланото, додека кутрата Орла неутешно плачела.

Докторите веднаш и препишале антибиотик, но поради отворената рана и инфекцијата која не престанувала, нејзиното прсте со денови било потечено, така што морала итно на операција. Хирургот и отстранил деловите од влакното од нејзиниот прст, и година дена подоцна, раната целосно и заздравела.

Орла имала многу среќа. Дека нејзината мајка на време не ја воочела повредата, чворот од влакното би нанел трајна штета така што во еден момент циркулацијата би престанала и потенцијално би довела до загуба на прстот.

извор:сител.мк

To top