Живот и Стил

(ВИДЕО) Опасниот експеримент ќе ја чинеше живот: Новинарка за влакно избегна смрт!

(ВИДЕО) Опасниот експеримент ќе ја чинеше живот: Новинарка за влакно избегна смрт!

Една ТВ новинарка од Австралија за малку ќе останела без глава во текот на снимањето на еден прилог за утринската програма за ТВ Студио 10.

Имено, таа со научникот изведувала експеримент во кој требало да експлодира шише со Кока-Кола.

Новинарката Натарша Белинг го придржувала шишето стоејќи настрана, додека ѕвездата од YouTube, научникот Џејкоб Стриклинг, демонстрирал забавна, но многу опасна наука.

Експериментот се одвивал на тој начин што со сипување на течен нитроген во шише со Кока-Кола, се предизвикува силна хемиска реакција од која шишето под голем притисок полетува.

Меѓутоа, кога новинарката се доближила да му помогне, таа не размислувала што би можело да се случи, па шишето буквално прелетало покрај нејзината глава. Во било кој случај да ја погодела, таа би била мртва на лице место, пишува “Independent”.

Погледнете го видеото:

извор:точка.мк

To top