Мачорот Оскар има неверојатна способност да намириса и да почувствува кога некој ќе умре. Имено, тој живее во еден старски дом и во повеќе од 50 документирани случаи, бил покрај оние пациенти кои неколку часа потоа починале.
Персоналот кој работи во Домот за старци веднаш не поверувал во „супермоќта“ на Оскар па одлучиле да го тестираат така што го ставале на креветите на луѓе кои се витални и прилично здрави, меѓутоа Оскар едноставно би отишол на друг кревет и би се свиткал покрај лицето што умирало. За неговата способност е напишана и книга, а неговата приказна ја открил д-р Давид Доса, помошник професор на Универзитетот во Браун. Овој професор тврди дека предвидувањата на Оскар ретко биле погрешни во последните шест години.
-Оскар е посвоен пред седум години како маче. Од тогаш ја имаа таа моќ да ја претчувствува смртта и не мислиме дека тоа е случајност. Во книгата е опишана дневната рутина на Оскор, како поминува некое време во собата, но и како ретко посетува и се дружи со пациентите кои имаат поголема шанса за живот. Од друга страна, тој одредени пациенти посетува почесто од другите и не сака да се одвои од нив во тешките моменти. Доколку го одвоиме од пациентите, Оскар ќе гребе по вратата, обидувајќи се да влезе. Така, Оскар еднаш беше со жена која имаше згрутчување на крвта, и се замота околу студените нозе и остана таму додека за жал, не почина жената, рекоа сестрите во овој дом
Д-р Доса во својата книга не нуди никакви објаснувања за оваа мачка, туку го споредува со кучињата кои може да надушкаат рак. Д-р Даниела Естепа, експерт за животни мисли дека Оскар може само да препознае недостаток или забавеност на движењата на пациентите и да ги толкува како болест, дека мачките често чувствуваат кога нивните сопственици се болни.