Радио Милева ретка глетка

Весна Бејби го изнесе од медиумска илегала семејството на Никола Ристановски: Ова се сопругата и помалата ќерка на познатиот актер (фото)

Весна Бејби го изнесе од медиумска илегала семејството на Никола Ристановски: Ова се сопругата и помалата ќерка на познатиот актер (фото)

Весна Бејби Петрушевска точно знеше дека по осамнувањето на нејзината објава со семејството на колегата актер Никола Ристановски на социјалните мрежи, истата ќе се најде во медимите, а тие во поглед на приватност не го преферираат тоа, сепак Бејби реши да ги изнесе од медиумска илегала.

Дека одлично функционираат и се дружат приватно, Бејби покажа преку едно видео кое осамна на нејзините профили на Фејсбук и Инстаграм. Првин позираше со Никола, а потоа со неговата сопруга Ема и помалата ќерка Хана.

 

Средбата се случила во Крушево каде кршеле пита или лепче со паричка, а приликата беше совршена прилика да направат фото спомен кој беше ретка глетка за јавноста.

Освен за работи поврзани со неговата богата кариера која функционира на релација Скопје- Белград и обратно, Никола Ристановски не милува да објавува ништо за својата приватност, па досега само неколкупати се појавил со семејството на премиери од филмови каде има улога.

Иако е и важи за еден од најнаградуваните наши актери, успешен и со ултра успешка кариера, како театарска, така и филмска, за првватниот живот на Никола Ристановски се знае многу малку. Тој е во долгогодишен брак со сопругата Емилија со која имаат две ќерки, Мила и помалата Хана.

Изминатата 2023 година Никола доби две престижни награди, “Александар Лифка” на Фестивалот на европскиот филм Палиќ во Србија, а потоа и наградата “Борислав Станковиќ” на 43 Интернационален театарски фестивал “Борини позоришни дани” за најдобра машка улога за улогата на “др. Стокман” во претставата “Народен непријател”.

Вчера 23-ти јануари Никола го прослави својот 55-ти роденден.

фото: Facebook/ Vesna Petrushevska

To top